Важна победа за Лајпциг, 20 минути за Елмас (ВИДЕО)

Лајпциг со 2-1 победи на гостувањето кај Хајденхајм и освои три големи бода во битката за четвртото место кое води во Лигата на шампионите.

Елиф Елмас во игра влезе во 79. минута при резултат 1-1, одигра околу 20 минути со оглед на долгото судиско продолжение на мечот.

Малку фалеше Елмас да запише асистенција, но погодокот кој го даде Лајпциг за 3-1 беше поништен поради офсајд.

Шешко во првото полувреме и Опенда пред крајот на мечот беа стрелци за Лајпциг на натпреварот.

Лајпциг води мртва трка со Борусија Дортмунд за четвртата позиција на табелата.

Денеска се одиграа уште три меча: Келн - Дармштад 0-2, Хофенхајм - Менхенгладбах 4-3, Волфсбург - Бохум 1-0.