ВАР му поништи гол на Мората, Кротоне го запре Јувентус (ВИДЕО)

Јувентус на гостувањето кај Кротоне (1-1) не успеа да освои три бода и да ја запише втората победа по ред во Серија А.

Домаќинот прв постигна гол во 12. минута од белата точка, по што Алваро Мората во 21. минута израмни на 1-1.

Федерико Кјеза им ја отежна работата на „бјанконерите“ откако доби директен црвен картон во 60. минута. Сепак, Мората погоди и по вторпат за Јувентус, но неговиот гол набрзо беше поништен по асистенција на ВАР-системот.

Јувентус по четири одиграни меча во Серија А има осум бодови, колку што има и Наполи на третата позиција, а пред нив се Аталанта со девет и Милан со 12 бодови.