Ужасно: Исчезна авионот со најскапото засилување на Кардиф!

Емилијано Сала, кој викендов потпиша за Кардиф замина за Нант, каде што требаше да се поздрави со поранешните соиграчи, меѓутоа авионот во кој се возеше - исчезна.

Светските медиуми пишуваат дека во авионот биле само Сала и пилотот, а исчезнале некаде меѓу Франција и Англија, по што два хеликоптери биле испратени во потрага.

Сала беше најдобар стрелец на Нант во минатата полусезона со 13 погодоци, а тоа му овозможи трансфер во Премиерлигата, каде што потпиша со Кардиф за 17 милиони евра.

Луѓето на терен, кои ја вршат истрагата велат дека авионот исчезнал додека имало дожд, но не биле лоши временските услови.

„Ветрот не бил премногу силен, па просечната брзина се движела околу 30-40 км/ч“, велат истражувачите.

На својот Твитер-профил вчера фудбалерот објави фотографија со поранешните соиграчи со порака „Последен поздрав“.

Сала ја почна кариерата во Аргентина, а во Франција се пресели во 2012 година, кога потпиша за Бордо.