Ужас во Колумбија: Фудбалер погоден со нож во глава! (ВИДЕО)

Секое дерби носи нервоза и кај одредени навивачи, но еден од нив ги премина сите граници на дуелот меѓу Атлетико Насионал и Инденпендиенте во Колумбија.

Пабло Чепелини се подготвуваше да изведе корнер, а притоа беше погоден со нож во глава, но за среќа не се здоби со посериозна повреда.

По кратка пауза Пабло стана и покажа дека не е тешко повреден, по што продолжи натпреварот кој заврши без победник (2-2).