Упорниот Мирандес не се предава - за нова сензација ќе мора да се потруди во реваншот (ВИДЕО)

Второлигашот Мирандес е најпријатното изненадување сезонава во шпанскиот Куп, а оваа бајка вечерва делумно ја расипа Реал Сосиедад, откако славеше во првиот полуфинален меч на „Сан Себастијан“ со 2-1.

Се се случи во првото полувреме, Ојаразабал му донесе водство во 9. минута од пенал, Аиас изедначи во 39. минута, а три минути подоцна Одегард ги постави конечните 2-1.

Инаку, Мирандес претходно уапеа да ги елиминира прволигашите Севилја, Вилјареал и Селта Виго, а дали ќе успее да запише уште едно изненадување, а со тоа и да влезе во финалето, останува да видиме на реванш дуелот кој ќе се одигра на 4. март.