
Тухел: Ако го имате Канте имате буквално сè на теренот
Французинот се запиша во листата на стрелците, откако погоди за 0-2, а по натпреварот менаџерот Томас Тухел имаше само пофални зборови за својот фудбалер.
„Ако го имате Енголо, имате нешто што сите други го бараат. Имате сè што ви е потребно во средниот ред. Имате напорна работа, интензитет, одземање топки, одлична игра, трчање без топка, трчање со топка, дриблинг, влетувања кон напред и денеска (вчера) дури и гол“, изјави менаџерот на „сините“.