Трансфер-нуклеарка: Му понудиле „бланко-чек“, Роналдо треба само да каже - ДА!

Од Шпанија се разгласи вистинска „нуклеарка“ меѓу трансфер-вестите, која вели дека Кристијано Роналдо во тајност веќе преговарал за заминување од Реал Мадрид.

Наводно, богатиот Пари Сен Жермен бил подготвен да плати колку што е потребно за да го доведе Роналдо во своите редови. Веќе се одржале и преговори, во неименуван хотел во Мадрид, на кои луѓе ПСЖ му нуделе „бланко-чек“ на Португалецот.

Според агентот Хорхе Мендеш, Роналдо требало само да рече „ДА“ и богатите Катарци ќе почнат да бројат пари. Карикирано или не, претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, наводно, настапил со прашањето: колку сака за да дојде кај нас?

Сѐ погласни се шпекулациите за заминување на Португалецот од Реал Мадрид по девегодишна верност, за трансфер во Манчестер јунајтед или во Челси, дури во Мајами, клубот на Дејвид Бекам. На ова се надоврзаа интерните коннфликти во тимот, со Серхио Рамос и со Зиндеин Зидан, а капак беа гласините дека Реал сака да го донесе Нејмар.

Не е познато дали потенцијалниов трансфер на Роналдо во ПСЖ би значел дека Нејмар ќе оди во Реал или, пак, Португалецот на некој чудесен начин ќе се вклови во триото Кавани-Мбапе-Нејмар кое засега блеска.