Тоти ја продолжува војната со „Волчицата“: Ако денес ја почнував кариерата - Рома веднаш ќе ме продадеше  

Легендата на Рома, Франческо Тоти, реши да ја напушти „Римската волчица“ по една година мината во клубот како спортски директор.

Тоти целата кариера ја помина во римскиот клуб, а откако ја заврши играчката кариера во 2017 година, реши да остане на „Олимпико“. Тој беше еден од главните луѓе за трансферите во клубот, но не остана долго на оваа позиција.

Легендарниот фудбалер немаше најдобри односи со челниците на клубот и ја напушти Рома минатата година. Овој потег многу ги разочара навивачите на Рома, кои се лути на челниците на клубот што ја пуштија да си замине најголемата легенда на „Волчицата“.

Тоти реши да се занимава со менаџерски работи, па основаше и своја агенција. Тој изгледа дека нема намера во моментот да се врати во Рома и не крие дека е разочаран од настаните во римскиот клуб.

Да бев денес на почетокот на мојата кариера, не би останал долго во Рома, тие веднаш ќе ме продадеа. Тешко е да се остане денес во Рома подолг период и тоа е тажно, истакна Тоти.