Тијаго Силва заминува од Челси, солзите од ФА купот добиваат на тежина!

Искусниот бразилски дефанзивец, Тијаго Силва како слободен играч ќе замине од Челси по крајот на сезоната.

Откако Челси загуби од Манчестер Сити во полуфиналето од ФА Купот, внимание привлече Тијаго Силва кој беше единствениот фудбалер на сините кој плачеше по поразот.

Тој пораз беше последна шанса за 39-годишниот Силва да освои уште еден трофеј со Челси.

Бразилецот нема понуда од Челси за нов договор, нема ни да ја добие. Тој ќе замине од Стемфорд Бриџ како слободен играч.

И покрај возраста, се очекува да продолжи да игра, Флуминенсе подолго време сака да го ангажира, но тој ги остава сите опции отворени.

Тијаго Силва со Челси ја освои Лигата на шампионите, УЕФА Суперкупот и Светското клупско првенство.