Тен Хаг со подршка за Мегваер: Убеден сум дека ќе се врати во форма

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг откако го седна на клупа Хери Мегваер драстично се подобрија резултатите на тимот. 

Капитенот сега е надвор од првиот тим на „црвените ѓаволи“, а по двата натпревари за Англија во Лигата на нации се најде на удар и кај навивачите на „Гордиот албион“. Менаџерот на јунајтед верува дека Мегваер има квалитет да се врати во тимот на Јунајтед и да ја подобри формата. 

„Јас морам да го тренирам и да го подржам, но јас го подржувам, бидејќи верувам во него. Тој има голем квалитет, тоа можете да го видите и по неговите настапи за Англија. Сигурен сум дека може да ја врати формата, навистина, јас сум убеден во тоа“, изјави Тен Хаг.