Таткото на Меси само со еден збор ги доведе навивачите на Барса во – транс!
Денешните информации, пак, носат исклучителна радост кај фановите, откако таткото на Аргентинецот даде одговор како што сите го посакуваа, дека сѐ уште постои можност неговиот син да остане на „Камп Ноу“.
На прашањето од новинарите дали постои било каква можност Лионел да остане, тој одговори со „Да“. Како, пак, поминаа преговорите со Бартомеу? Многу добро, одговори Хорхе Меси.
Најверните навивачи на Барса веќе со денови се пред стадионот молејќи го својот миленик да остане во клубот, односно да не прифати некоја од екстремно богатите понуди кои доаѓаат од Интер, ПСЖ, Манчестер Сити односно Манчестер Јунајтед. Се очекува во текот на денешниот ден да се затвори прашањето околу тоа дали аргентинскиот ас ќе реши по секоја цена да си замине, или ќе остане да го добри договорот што му завршува следното лето.