Тага во Неапол: Почина сестрата на Џенаро Гатузо

Сестрата на легендарниот фудбалер и моментно тренер на Наполи, Џенаро Гатузо, Франческа, почина на 37-годишпна возраст. Таа била хоспитализирана од почетокот на февруари во Варезе поради болест.

Гатузо, откако ја дознал веста за време на првенствениот меч со Сампдорија (на 3 февруари), веднаш заминал од Џенова во Варезе, каде неговата сестра била хоспитализирана и оперирана.

Франческа Гатузо живееше во Галарат, во провинцијата Варезе, каде со години престојува и семејството на поранешниот играч на Милан. Тренерот на Наполи ја дозна трагичната вест додека беше во Кастел Волтурно, во тренинг-центарот на тимот од Неапол.