Суеверието е чудо: Гатузо на прес ги местеше новинарите каде да седат!

Џенаро Гатузо беше на излезни врати од Милано, но сепак ситуацијата во клубот се консолидира, „росонерите“ почнаа да бележат добри резултати, а Гатузо го задржа своето тренерско столче. Италијанскиот стратег на пресот пред натпреварот против Аталанта, се реши да ги распореди новинарите каде да седат, бидејки така Милан одново ќе победел.

Двајца новинари на прес конференцијата, седнале на слободните места кои ги забележале. Тренерот на Милан иако како играч немаше којзнае каков преглед на игра, сепак таа трансформација на новинарите ја забележа и веднаш ги врати на местата каде што седеле минатиот пат. Според него кога добро му оди на Милан, не треба ништо да се менува, па дури ни местата на новинарите од Милано.

Натпреварот Аталанта-Милан е закажан за денеска со почеток од 20:30