
Спалети: Фудбалот ми го уништи животот, морав да жртвувам сè!
Спалети во интервју за „Ла Република“ откри дека се чувствува лошо и не можел да спие со денови поради поразот од Норвешка.
„Фудбалот ми го уништи животот. Го сакам повеќе од себе. Жртвував сè што имав со некои луѓе поради фудбалот. Поразот од Норвешка не ме остави да спијам. Никогаш нема да исчезне тоа чувство. Тој натпревар имаше големо влијание врз мене“, кажа Спалети.
Искусниот стратег во кариерата ги тренираше Наполи, Интер, Рома, Зенит, Удинезе и други тимови.