Со велосипед патувал 11 месеци од Монголија до Англија за да го гледа - Јунајтед на Вембли! (ФОТО)

Натпреварот помеѓу Манчестер јунајтед и Ковентри во ФА Купот донесе неверојатна приказна, на трибините се најде навивач кој дури 11 месеци патувал со велосипед од Монголија до Англија за да ги гледа „ѓаволите“.

Манчестер јунајтед синоќа закажа ново финале против Манчестер Сити во ФА Купот, избраниците на Тен Хаг на пенали го совладаа Ковентри на Вембли, во натпревар во кој малку фалеше да се случи сензационален кам-бек, „сините“ се вратија од три гола негатива но на крајот не успеаја да го шокираат фаворитот.

Пресметката носи и една неверојатна приказна, во која главен лик е Очирани Батболд, кој патувал со велосипед од Монголија до Англија за прв пат да го гледа Манчестер јунајтед.

Патешествието траело речиси една години, односно 11 месеци и тој синоќа бил на трибините на Вембли, да ужива во драматичен натпревар.

„За мене, Манчестер јунајтед е синоним за драматични кам-бекови, „Театарот на соништата“, големи играчи, Сер Алекс Фергусон, неверојатна приказна и никогаш нема откажување менталитет“, вели Батболд.