Сите се загрижени за фудбалерот на Кардиф, а од авионот нема - ни трага, ни глас! (ВИДЕО)

Утрово шокантна вест го потресе светот, откако исчезна најскапото засилување на Кардиф, Емилијано Сала, кој тргнал да се поздрави со поранешниот соиграч од Нант, но потоа не се вратил со приватниот авион во Англија.

Сите се плашат од најстрашното сценарио, односно дека авионот на Сала е урнат некаде на патот од Франција до Англија.

Претседателот на Нант, Валдемар Кита кажа дека Сала се вратил да се збогува и кажа дека сите го сакале и почитувале во клубот.

„Сите го почитуваа, тој беше многу љубезен и се надевам дека ќе го најдеме некаде. Имам надеж дека е во ред“, кажа Кита.

Газдата на Кардиф, Мехмет Далман се огласи претходно и кажа дека се загрижени поради целиот инцидент и дека чекаат повеќе информации, за да соопштат било што.

Неговата мајка, Мерцедес исто така кажа дека авионот припаѓал на сопственикот на Кардиф и тој го известил семејството дека авионот исчезнал и во моментов се води истрага.

Од друга страна, полицијата излезе со најново соопштение со кое потврди дека биле пребарани 1.000 метри квадратни од пет летала и два брода, но засега не била пронајдена никаква трага.

Од друга страна, „Марка“ објави видео на кое се покажува патот на авионот, па се сомневаат дека истиот се урнал, а видеото може да го погледнете ТУКА.