Шкендија без Ибраими ќе почне против Јагелонија
Во стартниот состав не е капитенот на Шкендија, Бесарт Ибраими кој се очекува да влезе од клупата во подоцнежната фаза од натпреварот.
Беќири ќе игра со формација 4-2-3-1: Гаје, Трумчи, Фетаи, Цаке, Вебстер, Рамадани, АЛхасан, Спахиу, Зејмулаи, Љатифи и Тамба.
Ова е вториот домашен натпревар на Шкендија во Конференциската лига, во првиот го совладаа Шелбурн со 1-0, сега имаат потешка задача, но целта е нов триумф.