Сензационална вест: Менаџерот го носи Роналдо во Серија А (ФОТО)

Менаџерот Жорге Мендеш работи да го извлече Кристијано Роналдо од Реал Мадрид и да го пресели во Италија. 

Италијанскиот весник „Тутоспорт“ објави сензационална вест, дека Кристијано Роналдо следната сезона би можел да го носи дресот на Јувентус. Португалскиот менаџер 11 години бил во „замрзнат“ од торинскиот гигант и не соработувале со него, но работите се промениле откако неговиот друг клиент Жоао Кансело пред неколку дена потпиша за италијанскиот шампион.

Роналдо е многу близу до заминување од редовите на Реал Мадрид, најмногу поради фактот што „кралевите“ не му нудат нов договор во висината на оној што го има Лионел Меси во Барселона (приближно 50 милиони евра годишно), а и поради тоа што од шпанските власти беше осуден за даночно затајување. 

Засега не се знае сумата која Јувентус би морал да ја плати за Роналдо како обештетување, но според некои груби проценки таа би требало да биде околу 120 милиони евра. Португалецот не може да биде најскапиот фудбалер на сите времиња, според трансферот, бидејќи веќе има 33 години, па неговата цена е намалена. Јувентус сигурно има пари за обештетување и да му понуди сериозна плата на Португалецот, но останува прашањето дали Роналдо би сакал да игра во Серија А.