Секси убавици го лечат Нејмар од повредата (ФОТО)

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Бразилецот Нејмар, поради повреда пропушти шест натпревари од почетокот на сезоната, а судејќи според фотографиите кои се појавија на Инстаграм, очигледно дека нема да се појави на уште неколку меча. Бразилецот моментно го троши своето време со сексапилни девојки.

Познато е дека фудбалерот очајно сака да се врати на „Камп Ноу“ и повторно да потпише за Барселона. До трансфер ова лето не дојде, а по пропуштениот старт на сезоната, Нејмар заигра на високо ниво во редовите на францускиот шампион. На три од четирите натпревари, тој постигна гол за својот тим, а потоа повторно се повреди.

Тој реши да го искористи времето со своите пријатели, па отпатува во Барселона за која очигледно е приврзан. Друштво му правеа и атрактивните девојки Ноа Саез и Паола Родригез.