Секоја чест: Лестер со потег за паметење ќе му помогне на Кардиф!

Лестер и Кардиф од поодамна имаат неверојатно добри и блиски односи, ама откако „лисиците“ ги снајде страшна трагедија со хеликоптерската несреќа на својот газда Вичај, сега Кардиф го задеси иста судбина губејќи го својето најголемо засилување Емилијано Сала.

И во Лестер знаат колку е тешко после една трагедија, но решени се да им помогнат на своите колеги од Велс и тоа на најдобар можен начин. Кардиф во моментов повторно е без напаѓач, а остануваат уште малку денови до крајот на преодниот рок. Па, „лисиците“ сега планираат да вратат еден свој фудбалер од заем и да му го дадат на Кардиф.

Станува збор за алжирскиот репрезентативец Ислам Слимани, кој игра на заем во Фенербахче заедно со нашиот Елиф Елмас. Слимани баш не се изнаигра во Истанбул, незадоволни се навивачите од неговите игри, па сега Лестер планира да го врати назад.

А, потоа да му го отстапи на Кардиф и да го пополни местото кое требаше да ги заземе Сала, кој исчезна со авионот во понеделникот вечерта на пат кон Велс на 13 километри од брегот на Велика Британија.