Се огласи и таткото на фудбалерот на Кардиф: Очаен сум, немам никакви информации!

Емилијано Сала, аргентинскиот напаѓач кој минатиот викенд потпиша за Кардиф сити, беше во авионот кој исчезна меѓу Франција и Англија.

Откако го реализираше трансферот во Премиерлигата, Сала замина во Нант да се поздрави со поранешните соиграчи, меѓутоа авионот не се врати во Англија, по што беше почната истрага, која не даде никаков резултат досега.

Поради целата ситуација се загрижени во Кардиф, но најтешко е на неговото семејство, а никакви информации нема ниту неговиот татко Хорацио.

„Последен пат се слушнавме во неделата. Немам никакви информации, во Розарио сум, очаен сум. Се надевам дека ќе биде во ред Емилијано“, кажа Хорацио.

Да потсетиме, Сала минатиот викенд потпиша договор со Кардиф, вреден 17 милиони евра и така стана нивно најскапо засилување.