Се огласи и Марадона по исчезнувањето на авионот со засилувањето на Кардиф

Аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала уште не е пронајден, иако веќе беа откриени делови, кои личеле на остатоци од авион и се претпоставува дека се од нивниот кој патуваше од Франција до Англија.

Многумина се плашат од најлошото сценарио, а тоа е дека Сала е мртов, како и пилотот на авионот, а од полицијата исто така се песимисти.

Денеска се огласи и легендарниот Диего Марадона, кој не може да верува што се случило. Аргентинецот се надева дека авионот само се загубил, па слетал на некој друг аеродром и дека Сала е жив.

„Се надевам дека пилотот го згрешил аеродромот и дека Сала ќе го пронајдат жив. Тоа можам да го кажам во моментов. Ова е голема трагедија“, кажа Марадона.