Сари се исповеда: Цело семејство го изневерив, а мајка ми беше лута зaшто дојдов во Јуве

Актуелниот тренер на најтрофејниот италијански клуб Јувентус, Маурицио Сари е роден наполитанец, кој од омилен лик под Везув сега е најомразена личност, а неговото „предавство“ тешко го поднело и – неговото семејство.

Сари во исповедта пред медиумите посочил дека одлуката за да дојде во Торино на „нож“ била дочекана од семејството, а цел Неапол бил во солзи, зашто „командантот“ ги предал во најлутиот ривал. Италијанските медиуми шпекулираа дека мајката на Сари не сакала да разговара со својот син откако ббило официјализирано дека доаѓа кај „старата дама“.

„Најблаго да кажам, мојата мајка ич не беше среќна за моето доаѓање во Јувентус. Мојата баба живееше на пола километар од 'Артемио Франки' (стадионот во Фиренца – н.з.),. Целото семејство навиваше за Фиорентина. Само јас навивав за Наполи. И сите беа разочарани кога дојдов во Јувентус. Никој во семејството не го сака Јуве. Јас од 'Артемио Фрнки' имам многу убави спомени, ама од последното сеќавање имам најлоши. Таму го загубив 'скудетото' со Наполи“, вели Сари.

Тој денеска ќе го предводи Јуве против Фиорентина, токму на „Артемио Франки“ во меч од третото коло во Калчото. Сари е роден во Неапол, зашто неговиот татко во тој период работел во градот под Везув.