Сари е тврд како орев: Го блокирал трансферот на Даглас Коста


Челниците на трофејниот англиски клуб, екипата на  Манчестер Јунајтед, имале сериозни намери да го привлечат крилниот играч од редовите на Јувентус, Даглас Коста.

Но, новиот тренер на „бјанконерите“, Маурисио Сари, веднаш ја блокирал продажбата на Бразилецот, тврди агентот на играчот Џовани Бранкини.

Искрено можам да кажам дека Алегри и Сари никогаш не сакаа да се разделат со Даглас. Интересот на Манчестер Јунајтед беше силен. Не беше единствениот англиски клуб кој покажа интерес, но сигурно беше најактивен. Јувентус никогаш немал намера да се раздели со него и покрај големиот притисок од Јунајтед. Премиер лигата е прекрасно првенство, но досега Јунајтед не успеа со своите обиди да го убеди Јувентус да го продаде, изјави Бранкини за „Дејли Мејл “.