Само во четири земји од светот нема да се гледа дербито Сити - Јунајтед!

Манчестер јунајтед ќе го пречека Манчестер сити во недела на „Олд Трафорд“ во големото градско дерби во Премиерлигата. Овие два тима се на чело на табелата со тоа што „граѓаните“ имаат дури осум бодови предност пред „ѓаволите“.

Интересот за овој натпревар е неверојатен со оглед на фактот дека можеби се решава и целото првенство, но и поради неверојатниот играчки квалитет, кој го поседуваат двата тима. Навивачите низ целиот свет ќе можат да уживаат во овој фудбалски спектакл и се очекува да ги сруши сите рекорди на гледаност во Премиерлигата.

Интересно е тоа што само граѓаните на четири земји во светот нема да можат да го гледаат овој натпревар. Само Молдавија, Северна Кореја, Куба и Сен Кристофер и Невис нема да ја пренесуваат „битката за Манчестер“. 

Дуелот се игра во недела со почеток од 17.30 часот.