Сала пратил смс од авионот: Ако не ме најдете да знаете што се случило

Емилијано Сала се плашел за својот живот уште при летот од Кардиф до Нант кога се вратил во Франција да се поздрави со своите соиграчи пред трансферот во премиерлигашот. 

Тој се тргнал назад кон Велс со истиот авион, а некаде над англискиот канал на авионот му се губи трага. Потрагата по авионот заврши за денеска, откако по 15 часа спасувачките служби не пронашле ништо и ќе продолжат утре рано наутро.

Поранешниот соиграч на Сала од деновите кога играше во Бордо, Диего Ролан за едно уругвајско радио изјави дека Аргентинецот му испратил смс-порака не свој пријател и веќе претчувствувал несреќа.

„Емилијано му пратил порака на еден негов пријател додека бил во авионот и му рекол дека сериозно е исплаше и дека ако не го најдат, да му биде јасно што се случило“, вели Ролан, кој со Сала бил цимер во годините додека двајцата беа дел од Бордо.

Фудбалскиот свет е во исчекување на добри вести, но англиските власти велат дека штом толку долго време нема никаква трага од авионот, шансите да има преживеани се речиси невозможни.