Роналдо „со молење“ постигна гол, Реал едвај ја победи Малага! (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо, конечно, постигна втор гол во Ла Лига и тоа ултра важен, за победа на Реал Мадрид со 3-2 против Малага.

По супериорното издание во Никозија, во Лигата на шампионите, се очекуваше дека Реал ќе се стабилизира и во Ла Лига, каде што не му оди баш најдобро, но по тој топло-ладно тренд продолжи и денеска против Малага.

Бензема и Ксемиро постигнаа голови во првото полувреме, а во меѓувреме Ролан изедначи за кратко, за Малага. Предноста од 2-1 на паузата не гарантираше ништо за „кралевите“, а тоа го догажа Кастро, по 13 минути игра, изедначувајќи на 2-2.

Реал не беше изразито доминантен, но сепак имаше повеќе од играта, обидувајќи се да го врати водството и доби вистинска можност во 76. минута, кога Лука Модриќ беше соборен во шеснаесетникот. Пеналот беше шанса не само за водство, туку и за втор гол за Кристијано Роналдо, кој е во огромна криза во шпанското првненство, но... Ударот на Португалецот беше скротен, среќа топката се одби во петерецот и тој ја закова во мрежата за 3-2.

Овој резултат остана до крајот, со што Реал дојде до 27 бода на табелата, седум помалку од Барселона, која допрва треба да го игра својот меч од ова 13. коло во Ла Лига.