Реал Мадрид убедливо го совлада храбриот Ваљадолид (ВИДЕО)

Реал Мадрид имаше кошмарен почеток на мечот против Ваљадолид, кој не искористи неколку шанси за убедливо водство, па на крајот победија „кралевите“ со 4-1.

Ваљадолид тргна неверојатно, па доби пенал во 13. минута, но него не го искористи Алкараз,  а само минута подоцна им беше поништен гол на домаќините по консултација со ВАР-собата. Во 19. минута слична сцена, но и повторно поништен погодок на Ваљадолид.

Во 29. минута конечно Тухами погоди за водство од 1-0 на домаќините, но Рафаел Варан шест минути подоцна израмни на 1-1.

Во второто полувреме следуваше целосен пресврт, откако Карим Бензема со два гола за осум минути донесе убедливо водство за „кралевите“ од 3-1, а конечните 4-1 ги постави Лука Модриќ во 85. минута.

Реал Мадрид е третопласиран во шпанската Ла Лига со 51 бод, односно пет помалку од второпласираниот Атлетико Мадрид и 12 помалку од лидерот Барселона.