Реал го собори светскиот рекорд и сега има нов голман!

Реал Мадрид конечно го донесе првото засилување за оваа сезона, но тоа го направи во голем стил.

Како и што можеше да претпоставиме, заминувањето на Зидан значеше и крај за Кејлор Навас. Имено, Реал го договори со Рома трансферо тна Бразилецот Алисон Бекер за 75 милиони евра плус бонуси.

Така е срушен светскиот рекорд стар 17 години, кога голмани се во прашање, бидејќи Буфон во 2001 година се пресели од Парма во Јуве за 60 милиони.

Алисон минатата сезона му беше резерва на Шчесни, во оваа беше стандарден, а во репрезентацијата има предност во однос на Едерсон. Понудата беше премногу добра за да ја одбие Рома, го сакаше и Ливерпул, а тој самиот наговестуваше трансферот со уверување дека сѐ ќе биде готово пред почетокот на Мундијалот.

Ова е одлична зделка за Рома. Го купија за осум милиони од Интернасионал, а ќе заработат речиси десет пати повеќе од тоа. Алисон ќе потпише шестгодишен договор со кралевите и ќе биде прв чувар на мрежата на европскиот шампион.