Реал богато ги награди играчите за настапот на СКП – таман за едно Бентли или Ферари!

И покрај тоа што не успеаја да стигнат до титулата на Светско клупско првенство (СКП) во САД, фудбалерите на Реал Мадрид беа богато наградени од клубот – секој од нив доби бонус од 280.000 евра.

Сума, која за обичниот човек е можеби огромна, но е „капка во морето“ за фудбалери како Лука Модриќ, Винисиус или Мбапе, кои заработуваат милиони. Но, бонусот е доволен да се подноват со ново Бентли или луксузно Ферари. „Кралскиот клуб“ беше елиминиран во полуфиналето од европскиот првак ПСЖ (0-4), но и покрај тоа раководството реши на ваков начин да им се заблагодари на фудбалерите за напорот и учеството на турнирот.

За Модриќ (39), ова беше последен натпревар во дресот на Реал – играше 26 минути во полуфиналето пред да се збогува со клубот за кој освои дури 28 трофеи. Хрватскиот маестро потоа потпиша за Милан и замина на одмор пред приклучувањето кон новиот клуб.

ФОТО: EPA PHOTO