Рајола го обезбеди првото засилување за Милан сезонава

Младиот напаѓач Моис Кин не се снајде баш најдобро во таборот на Евертон откако минатото лето направи трансфер вреден 30 милиони евра од Јувентус.

Голгетерот сака што побрзо да си замине од Ливерпул и да се врати во Италија, а неговиот агент Мино Рајола веќе на големо работи на трансферот. Италијансите медиуми пишуваат дека Рајола првиот клуб што го контактирал е Милан.

„Росонерите“ играат очајно оваа сезона, а со оглед на фактот дека имаат постигнато само 11 голови сезонава, од кои осум од игра, а три од пенал, покажува дека им е потребно засилување во нападот. Тимот од „Сан Сиро“ беше заинтересиран за 19-годишниот фудбалер и минатото лето, но Јувентус одлучи да го продаде во Евертон.

Лани за Јувентус постигна шест гола на само 13 натпревари, а сезонава ја нема затресено противничката мрежа во дресот на „карамелите“.