Раџа Наинголан го договори трансферот во Интер

Ѕвездата на Рома, Раџа Наинголан е пред трансфер во редовите на Интер, пишуваат дел од италијанските медиуми. 

Тие одат дотаму што веќе објавија дека Белгиецот ги договорил личните услови со „нераѕурите“. Моментално во тек се преговорите помеѓу двата клуба, а Интер за услугите на Наинголан нуди 30 милиони евра. Рома бара повеќе, но веројатно ќе се најдат на средина и трансферот ќе изнесува околу 35 милиони евра.

Во трансферот може да биде вметнат и некој од младите фудбалери на Интер, а најверојатно тоа може да биде Николо Заниоло.

Ангажманот на Наинголан е еден од приоритетите на Лучијано Спалети за идната сезона, во која Интер се враќа во Лигата на шампиони.