ПСЖ во Наполи ја најде замената за Мбапе

Со оглед на тоа што е извесно заминувањето на Килијан Мбапе, ПСЖ веќе работи на пронаѓање замена за најдобриот играч во своите редови.

Медиумите во Франција тврдат дека изборот паднал на фудбалерот на Наполи, Квича Кварацкелија иако грузискиот интернационалец има договор со својот сегашен клуб на уште три сезони. Понудата која ја подготвува ПСЖ изнесува 80 милиони евра што е шест пати повеќе од оние 13,3 милиони кои Наполи пред две години му ги плати на Динамо Батуми за да го донесе во своите редови.

Сепак, прашање е дали и оваа сума ќе го натера Аурелио де Лаурентис да ја продаде својата прва ѕвезда во моментов и покрај тоа што Наполи најверојатно нема да игра во Лигата на шампионите идната сезона.