ПСЖ му се заблагодари на Меси, навивачите жестоко го - исвиркаа (ВИДЕО)

Францускиот гигант Пари Сен Жермен и официјално вечерва се збогува од најдобриот фудбалер на денешницата Лионел Меси, со благодарница за двете години минати на „Паркот на принцовите“.

Тоа што беше јасно во последните неколку месеци дека Меси нема да продолжи да игра за ПСЖ се оствари, па сега светот останува да чека каде Аргентинецот ќе ја продолжи кариерата, во С. Арабија, ќе се врати во Барселона или можеби ќе замине во Интер Мајами во САД, од каде веќе има официјална понуда.

„Задоволство беше да се гледа Меси во изминативе две години во Париз, беше инспирација за младите фудбалери и неговиот придонес за клубот не смее да се потцени. Му посакувам сѐ најдобро на Лео“, објави Насер Ал Келаифи, првиот човек на ПСЌ.

Но, иако секој клуб сонува за фудбалер како Меси, навивачите и на последниот меч во парискиот дрес на Аргентинецот со жестоки свирежи го испратија на претставувањео на последниот дуел во оваа сезона во Лига 1 и последен за најдобриот фудбалер на денешницата за „светците“.