Прекрасна асистенција на Барди: Трабзонспор го надигра Бешикташ (ВИДЕО)

Трабзонспор го доби дербито против Бешикташ со 3-0 во петтото коло на турскиот шампионат, а македонскиот репрезентативец Енис Барди имаше прекрасна асистенција.

По речиси половина час игра Барди испрати одличен центар-шут во казнениот простор на Бешикташ, а таму Пол Онуачу погоди за водство од 1-0.

Домаќините постигнаа уште еден гол до крајот на првото полувреме за водство од 2-0, додека конечните 3-0 ги постави Вишќа во 61. минута од средбата.

Трабзонспор се наоѓа на четвртото место по пет одиграни кола со девет бодови, односно три помалку од лидерот Фенербахче.