
Познато колку пари бара Трабзонспор за Барди
По шпекулациите дека за услугите на Барди е заинтересиран калчолигашот Торино, во турските медиуми се појави сумата која ќе ја бара турскиот гигант за македонскиот фудбалер.
Торино сака да го купи Барди, но сè зависи од тоа дали српскиот репрезентативец Саша Лукиќ ќе замине во Фулам.
Барди за Трабзонспор досега постигна пет гола, а во турскиот гигант пристигна минатото лето за три милиони евра.