Пирло има душа: Роналдо добива непланиран одмор!

Фудбалерите на Јувентус утре ќе му гостуваат на Беневенто во обид да дојдат до триумф кој би ги доближил до врвот од табелата во Серија А, а до бодовите ќе треба да дојдат без помошта на Кристијано Роналдо кој, неочекувано, доби одмор од тренерот Андреа Пирло.

Португалецот одигра повеќе средби во кус рок по прележувањето на коронавирусот, поради што стратегот на „бјанконерите“ реши да го сочува за поважните битки кои претстојат. Одморот е единствената причина поради која Роналдо нема да патува на мечот со Беневенто, додека добра вест за јувентините е враќањето на Леонардо Бонучи, кој отсуствуваше неколку недели поради повреда на мускулот.

Јувентус во моментов се наоѓа на четвртото место во Серија А со 16 бода, четири помалку во однос на лидерот Милан.