Перез прави трампа на деценијата: Роналдо ќе го замени со нов голгетер!?

Шпанските медиуми пишуваат дека претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, сака да испрати Кристијано Роналдо во Манчестер јунајтед, а за возврат да го добие Ромелу Лукаку.

Португалецот, наводно, се договорил со управата на клубот да ја намали откупната клаузула од милијарда евра на само 120 милиони, иако такво нешто на крајот беше демантирано од „кралевите“.

Перез одамна сака да донесе голема ѕвезда бидејќи Карим Бензема не му се допаѓа, а го сакаше и Роберт Левандовски, но очигледно од тој трансфер нема да има ништо.

Лукаку игра одлично на Мундијалот во Русија, а тоа може да му обезбеди трансфер во Мадрид.