Перез го барал Тоти, но го добил истиот одговор како и другите клубови

Франческо Тоти своевремено беше еден од најдобрите фудбалери во светот, што нормално го направи и еден од најбараните на фудбалскиот пазар. Сепак, Италијанецот немаше цена, бидејќи не сакаше да ја напушти својата сакана Рома за ниту едни пари.

Во интервју за „Газета дело Спорт“, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез призна дека се обидел да го ангажира Франческо Тоти, но го добил истиот одговор како и многу други клубови кои сакаа да го ангажираат. 

„Тоти е една од легендите кои сите ја сакаат“, изјави Перез. „Пред 2006 година, на почетокот на мојата функција како претседател на Реал Мадрид, му се јавив и замолив да дојде во нашиот клуб, но тој веднаш ми кажа дека не може да ја напушти Рома“, додава претседателот на „кралевите“.

Тоти во еден наврат изјави дека можеби и малку му е жал што никогаш не го облече дресот на Реал Мадрид, откако доби стоечки овации на „Сантијаго Бернабеу“ во 2016 година.

„Тоа е фантастичен стадион. Реал Мадрид е можеби нешто за што единствено се каам во мојата кариера. Беше навистина емотивно да добијам една таква почит од навивачите на Реал. Тоа е еден прекрасно сеќавање“, изјави Тоти.