Овогодинешната сензација од Лига 1 го засилува Милан!?

Милан одработи одличен зимски преоден рок. „Росонерите“ ги доведоа Криштоф Пјонтек и Лукас Пакета, но раководството на тимот размислува и за подалечната иднина, па во летниот преоден рок сакаат да го ангажираат фудбалерот на Рен, Исмаил Сар. 

Сенегалскиот напаѓач игра фантастична сезона во француското првенство, има постигнато девет погодоци, зад свеото име има и осум асистенции. Како што пренесува „Газета дело спорт’ агентите на Сар биле во Милано и се сретнале со спорскиот директор на Милан, Леонардо.

Францускиот клуб за услугите на својот играч бара 40 милиони евра, Милан е спремен да ја плати таа сума, но најпрвин сака да направи договор со самиот играч.