Откриено зошто Конте ќе продолжи да си седи на клупата на Челси

Лошите резултати на англискиот првак Челси го доведоа Антонио Конте на раб на отказ и кога сите очекуваа дека на „Стемфорд бриџ“ ќе му удрат клоца на Италијанецот, клубот објави дека актуелниот менаџер останува. Резултатите се катастрофални, Челси сака да го смени, ама „не може“ зошто го чека солена оштета што треба да му ја исплати.

Конте има договор со „сините“ уште 18 месеци, а тоа значи дека ако остане до крајот на договорот, ќе заработи – 20 милиони евра. Сега е и јасно зошто Италијанеот нема намера да си даде оставка, но и зошто Челси не сака да го смени. Во случај на отказ, ќе треба да му ги исплати парите на Италијанецот, а во меѓувреме да најде нов менаџер кој плус ќе го плаќа. За нив тоа би било – двоен трошок.

Италијанецот летоска доби подобрен договор, откако ја освои премиерлигашката титула и во новиот договор беа внесени низа други клаузули, според кои ако го напушти самоволно клубот ќе му должи пари на англискиот тим, а ако добие отказ му следува оштета од 30 милиони евра.

Е сега клаузулата наводно важи за до крајот на оваа сезона, што значи дека во моментов Конте е многу поблизу да ја заврши сезоната, отколку да добие отказ. Освен ако не запне работата како што тргнала, па лошите резултати да продолжат, а со тоа да се доведе во неизвесност настапот во ЛШ во идната сезона, патем со елиминација од Барселона во Лигата на шампионите во оваа.