Забрането или не, опасно или преризично, ама во Лидс големиот успех после 16 години да се дел од Премиерлигата не можеше да остане без големо славје. И тоа помеѓу играчите и навивачите, на отворено пред стадионот „Илан роуд“.

Лидс со убедлив триумф го завери првото место и го доби пехарот за најдобри во Чемпионшип, на кој му се израдува нормално и македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски. Но, прославата немаше шмек на празен стадион, а пред него, илјадници навивачи на кои воопшто не им е гајле за ризикот и опасноста која ги демне од коронавирусот.

И за чудо, британската јавност остана шокирана, кога Алиоски и другарите излегоа на отворен автобус за да слават со навивачите, а емоциите експлодираа од тој момент. Се палеше пиротехника, леташе огномет, а фудбалерите заедно со навивачите истераа шампионско славје, иако сето тоа барем по прописите на здравствените власти е забрането.

„Овие навивачи заслужуваат да се во Премиерлигата и пресреќен сум за нив. Многу ни недостатуваа“, рече Алиоски.

Македонскиот лев бек е еден од милениците на навивачите, како поради игрите и фактот дека до последна капка пот се бори за клубот, така и поради лудориите.