Официјално: Стадионот на Наполи ќе се вика „Диего Армандо Марадона“

„Сан Паоло“ заминува во историја, па новото име на стадионот на Наполи ќе биде „Диего Армандо Марадона“. 

Градоначалникот на Неапол на социјалните мрежи потврди дека официјално името на стадионот ќе биде променето во чест на легендарниот фудбалер, кој седум сезони играше за „наполитанците“ и ги водеше до две шампионски титули и трофеј во УЕФА Купот.

Се шпекулираше прво дека стадионот ќе биде преименуван во „Сан Паоло - Марадона“, а во игра беа и „Стадио комунале Диего Марадона“ и „Арена Диего Марадона“. 

„Има многу убави идеи, но на крајот од денот, името на стадионот ќе биде, 'Диего Армандо Марадона'“, објави Луиџи де Магистри, градскиот татко на Неапол.