Официјално: Пауло Фонсека нов тренер на Рома! (ФОТО)

Рома денеска на официјалната страница потврди дека Пауло Фонсека е нов тренер тренер на римскиот клуб. „Римската волчица“ позади себе има турбулентна сезона, па затоа следат големи промени во играчкиот и тренерскиот кадар.

Клаудио Раниери беше привремено решение на клупата кога отказ доби Еузебио Ди Франческо, а Рома денес доби нов тренер. Португалскиот тренер Пауло Фонсека, одлучи да го напушти Шахтјор и да ја прифати понудата на римскиот клуб.

Овој 46-годишен тренер во досегашната кариера освен Шахтјор ги предводеше и Брага, Пакош Фереира, Порто и Авеш. Тој со Рома потпиша договор на две години со можност истиот да се продолжи на уште една година.