Објавени смс-пораките на Емилијано Сала и организаторот на кобниот лет

Фудбалерот Емилијано Сала имал проблем да најде комерцијален лет од Кардиф до Нант и назад за да се врати во својот поранешен тим и да си ги собере работите пред да му се приклучи на премиерлигашот. 

Аргентинецот во петокот потпиша договор со Кардиф, а морал да се врати во Нант за да се поздрави со поранешните соиграчи и да си ги спакува куферите. Откако имал проблем да организира лет, за помош се јавил Џек Мекеј, кој игра за вториот тим на Кардиф, а неговиот татко е фудбалски агент, кој посредувал при трансферот на Аргентинецот.

Вили Мекеј со соопштение до јавноста изрази сочуство до семејството на Сала и објасни дека тој само го организирал летот, но не го одбрал авионот или пилотот.

„Во однос на букирањето на летот, ние контактиравме со Дејвид Хендерсон кој многу пати претходно не пренесувал нас и многу од нашите фудбалери низ цела Европа. Ние не учествувавме во одбирањето на авионот во кој леташе Емилијано. Како што покажуваат пораките, на Емилијано не му побаравме пари за летот. Јас и моите синови Марк и Џек и целото наше семејство сакаме да изразиме сочуство до семејстовото на Сала и ја подржуваме нивната намера потрагата да продолжи“, се вели во соопштението на Вили Мекеј.

Тој ја објави и комуникацијата помеѓу неговиот син Џек и Емилијано Сала.

Петок, 18 јануари

- Џек Мекеј: „Татко ми ми кажа дека утре се враќаш дома. Тој би можел да ти организира лет да те однесе директно во Нант и да те врати во понеделник во време кое ти одговара тебе за да можеш да дојдеш на тренинг во вторник“.

- Сала: „Ах тоа е одлично. Баш проверував дали има летови за Нант утре“.

- Мекеј: „Тој вели дека може да организира лет директно до Нант“.

- Сала: „Колку ќе чини?“

- Мекеј: „Ништо. Татко ми вели ако ми помогнеш да постигнам некој гол, тогаш нема да те чини ништо“.

- Сала: „Хахахах со задоволство. Ќе постигнеме многу голови. Би сакал да заминам утре за Нант околу 11 часот и да се вратам во понеделник навечер околу 9 часот, ако тоа е возможно

- Мекеј: „Добро, ќе ти пратам порака кога ќе биде средено“.

Недела, 20 јануари

- Мекеј: „Здраво, дали би било возможно да се вратиш во седум навечер во понеделник? Само бидејќи пилотот мора да се врати дома на север откако ќе пристигне во Кардиф?

- Сала: „Здраво, седум ипол би било возможно“.

- Мекеј: „Добро тоа е ок“

- Сала: (фотографија од багаж) „Можеш ли да прашаш дали може ова да понесам со мене во авионот?“

- Мекеј: „Добро, да“.

- Сала: „Ќе биде ок со авионот?“

- Мекеј: „Да, има доволно место во авионот за твојот багаж“.

- Сала: „Ок“.

Понеделник, 21 јануари

- Мекеј: „Ќе ти се јавам за кратко“

- Сала: (говорна порака)

- Мекеј: „Рече дека е истата компанија“

- Сала: „Ок, фала“.