Новиот дрес на Милан - предзнак за далеку подобри денови за „росонерите“ (ФОТО)

Милан во моментов се наоѓа во одличен моментум, избраниците на Џенаро Гатузо играат одличен фудбал и бележат солидни резултати. „Росонерите“ по подолго време се во игра за местата кој водат во ЛШ, а нивниот нов дрес за наредната сезона многу потсетува на времињата кога италијанскиот гигант владееше со европскиот фудбал. 

Седумкратниот освојувач на Лигата на шампините, со новиот дрес сака да се врати „назад“ во 60-тите години на минатиот век кога под водство на Џани Ривера Милан освои две европски шампионски титули.



Дали новиот дрес, играчите на Милан ќе го носат во натпреварите од Лигата на шампионите,  ќе зависи од нивните резултати во преостанатите кола во Серија А.