Нов сеир во Манчестер: По дебаклот, протече и кровот на „Олд Трафорд“ (ВИДЕО)

Maнчестер јунајтед победи во градското дерби со Манчестер сити, но потоа за фановите следуваа нови разочарувања.

Вчера Бормут ги декласираше „црвените ѓаволи“ на „Олд Трафорд“ со убедливи 0-3, но во центарот на вниманието на медиумите на Островот беше и ситуацијата од салата за прес-конференции.

Имено, додека Рубен Аморим одговараше на новинарските прашања во салата започна да тече вода од кровот како последица на силниот дожд кој го погоди Манчестер.