Навивачите на Атлетико ја вандализираа плакетата на Гризман пред стадионот (ВИДЕО)

Антоан Гризман им ги скрши срцата на навивачите на Атлетико Мадрид, откако изминатото лето реши да си замине и да премине во редовите на Барселона. 

Вечерва Французинот ќе гостува со својот нов тим на „Ванда Метрополитано“ во рамки на Ла Лига и го очекува непријателски пречек. Навивачите на мадриѓани веќе ја вандализираа неговата плакета што стои пред стадионот со тоа што го пречкртаа неговото име и оставаа стаорци-играчки.