Миовски од пенал го даде првиот гол во шкотското првенство (ВИДЕО)

Абердин води со 1-0 во мечот против Сент Мирен, а македонскиот репрезентативец Бојан Миовски го постигна првиот гол за неговата нова екипа во шкотското првенство.

Екипата на Миовски доби пенал во 24. минута од средбата, по што македонскиот напаѓач без мака го матира противничкиот голман.