Милан подготвува „бомба“: Гатузо добива ѕвезда од Реал Мадрид!?

Милан игра многу подобро во вториот дел од сезоната, откако зимава ги ангажираа Лукас Пакета и Криштоф Пјонтек, кои функционираат одлично во тимот.

„Росонерите“ не сакаат таму да запрат, па наредната сезона имаат желба да го нападнат трофејот во италијанската Серија А, а поради тоа ќе се обидат да го ангажираат Герет Бејл од Реал Мадрид.

Шпанските медиуми пишуваат дека Бејл има голема шанса да замине на лето за сума од 100 милиони евра, откако не ги оправда очекувањата на „кралевите“, односно не го предводеше тимот како што се очекува од него.

Конкуренцијата за репрезентативецот на Велс ќе биде огромна, зашто досега интерес покажаа Челси и Манчестер јунајтед, па летово ќе биде познато каде Бејл ќе ја продолжи кариерата.